Полицијата ги идентификуваше сите жртви од „камионот на смртта“

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата ги идентификуваше сите жртви од „камионот на смртта“

Полицијата ги идентификуваше сите жртви од „камионот на смртта“ во кој беа пронајдени 39 тела на мигранти од Виетнам на 23 октомври годинава. Во камионот-ладилник кој беше откриен во Есекс, во близина на Лондон, имало тела и на десет тинејџери.Идентификацијата ја извршија британските васти во соработка со виетнамската полиција.

„Наш приоритет беше да ги идентификуваме жртвите, да го сочуваме достоинството на оние кои го загубиле животот и да ги поддржиме семејствата и пријателите“, изјавија од британската полиција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата