Навивачите на Наполи со порака до Елмас и другарите: Избравте погрешен пат!

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Навивачите на Наполи со порака до Елмас и другарите: Избравте погрешен пат!

Наполи требаше да биде еден од кандидатите за титулата во италијанската Серија А, но сезоната ја почнаа многу слабо, па по поразот од Рома (1-2) фудбалерите го налутија претседателот Аурелио де Лаурентис, кој ги испрати во карантин. Сепак, по ремито со Салцбург (1-1) во Лигата на шампиони, Наполитанците се побунија и решија да заминат дома и така не ја почитуваа наредбата на Де Лаурентис, кој потоа реши да ги казни парично.

Денеска околудвесте навивачи на Наполи го следеа тренингот во Неапол, а фудбалерите ги „почестија“ со свирежи, по што истакнаа и транспаренти против играчите.

„Избравте лош пат… почитувајте ги тие кои го сакаат овој дрес и кои плаќаат“, беше пораката на навивачите на Наполи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата