Александра Шредер од Мичиген долго го планирала 5. роденден на својата ќерка, но вели дека се се претворило во катастрофа поради слаткарницата од каде ја нарачала тортата во облик на еднорог.
Од слаткарницата, покрај тортата, изнајмила и простор за 13 луѓе. За тоа платила повеќе од 350 долари, но вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и 6 столчиња.
Тортата пак, била далеку од очекувањата.
-Рогот кој излегуваше од тортата беше срамен. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми рекоа дека не е готова, изјавила Александра која се пожалила на социјалните мрежи, откако од слаткарницата ја обвиниле дека таа и нејзините гости го уништиле просторот за забава.