Ако ви стигне оваа порака Вибер, ИГНОРИРАЈТЕ ЈА! ИЗМАМА Е!

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако ви стигне оваа порака Вибер, ИГНОРИРАЈТЕ ЈА! ИЗМАМА Е!

Деновите  на мобилните телефони на корисниците кои ја имаат инсталирано апликацијата „вибер“ им стигнала невообичаена порака.

Наводно, корисници добиле порака од бројот +79183301602 во која се наведува дека баш тие се среќни добитници на „интернационален вибер награден фонд“.

Во пораката се наведува дека наградата е 500.000 американски долари, а за да ги примите парите морате да пратите меил побарување, а со тоа и додатни информации, што директно наведува дека ќе ги оставите своите податоци и меил адресата на некого, а со тоа и да му овозможите да ги злоупотреби.

Станува збор за уште една интернет измама, а совет е на ваквите пораки никогаш да не се одговара и лозинките за пристап на електронската пошта редовно да се ажурираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата