ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА РЕКЕТ: На Катица и Боки 13 ќе им се суди

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА РЕКЕТ: На Катица и Боки 13 ќе им се суди

Одбиени се приговорите на Катица Јанева и Боки 13 за случајот рекет, советот донесе одлука со која го прифати обвинителниот акт и ќе им се суди на двајцата, како и на Зоран Милески Кичеец.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од  Б.Ј., К.Ј. и З.М., на НЕ ЈАВНА СЕДНИЦА одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое:

Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.

Против ова решение, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба. Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата