Макрон не гледа друга опција освен партнерство меѓу Русија и Европа

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон не гледа друга опција освен партнерство меѓу Русија и Европа

Откако вчера направи вистинска мешаница велејќи дека НАТО е пред смрт, а ЕУ се распаѓа, францускиот претседател зборуваше и за Русија.

Емануел Макрон смета дека има три можни сценарија за стратешки развој на Русија.

Во истото интервју за британски „Економист“, францускиот претседател вели дека сегашниот модел за развој на Русија е нестабилен поради забрзаниот процес на вооружување, како и демографските и економските проблеми.

Првата варијанта на развој, според Макрон, е Русија да го врати статусот на суперсила.

Според него, тоа ќе биде многу тешко, со оглед на проблемите споменати погоре, како и конзервативниот политички и идеолошки модел што постои во земјата.

Сепак, тој додаде дека некои погрешни пресметки од страна на Западот дале одреден импулс на ваквиот развој, пренесува агенцијата „Тасс“.

Другата варијанта, според францускиот претседател, е евроазискиот модел, но Кина ја прави ваквата варијанта нестабилна.

Третиот и најверојатен модел, вели Макрон, а тоа е политика на обновување на балансираната политика со Европа.

Долгорочно, Макрон не гледа друга опција освен партнерство меѓу Русија и Европа.

Руските власти вчера беа единствените со позитивна оценка за интервјуто на Макрон, во кое тој наведува дека НАТО е пред смрт, а ЕУ се соочува со тотален колапс.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата