Денот на антифашизмот ја подели владејачката партија во Хрватска

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денот на антифашизмот ја подели владејачката партија во Хрватска

Денот на антифашистичката борба, што првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман го стави на листата на празници, ја подели владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) во поглед на тоа дали денот треба да се прославува или да се укине.

Дебатата почна пред два дена откако Одборот за ветерани во Саборот, со кој претседава Јосип Ѓакиќ од ХДЗ предложи укинување на празникот Ден на антифашистичката борба.

Премиерот Андреј Пленковиќ вчера остро го обвини Ѓакиќ за „детуѓманизација“.

Во Хрватска се одбележува 22 јуни – денот кога во 1941 година во шумата Брезовица во близина на Сисак е формиран Првиот сисачки партизански одред.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата