Русија убива политички противници, а тактиките на Кина би биле ужасно препознати за поранешните источни Германци, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Говорејќи во Берлин за лекциите поврзани со падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Помпео рече дека западот, односно сите ние, го изгубивме патот во позадината на тој горд момент.

„Денес Русија,  која е предводена од поранешен офицер на КГБ, некогаш стациониран во Дрезден, ги напаѓа своите соседи и убива политички противници“, рече Помпео.

Во Кина, Комунистичката партија на Кина обликува нова визија за авторитаризмот “, додаде тој.

„Ајде да се обединиме“, заврши Помпео, истакнувајќи: „Да останеме заедно како сојузници“.

Најчитани вести