Фајон: Франција ја зеде ЕУ како свој заложник

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фајон: Франција ја зеде ЕУ како свој заложник

Претседателката на Одборот на Европскиот парламент за стабилизација и придружување во ЕУ и долгогодишна пратеничка на Европскиот парламент од Словенија, Тања Фајон, вели дека Франција ја зела ЕУ како свој заложник.

Таа за „Радио Сараево“ зборува за европската иднина на Балканот, застојот на тој пат, предизвиците од силното влијание на Русија, Кина, Турција, хрватското претседавање со ЕУ….

Поради неодамншената одлука во врска со случајот со Северна Македонија и Албанија, Фајон вели дека тоа не е славен момент за ЕУ и дека таа веќе неколкупати жалела поради неотворањето на преговорите со овие земји.

„Франција ја зеде цела ЕУ како свој заложник. Морам уште еднаш да нагласам дека европските интеграции на Западен Балкан се и ќе останат стратешка политика во нашиот заеднички интерес. Секако, јас изразив разочарување поради тоа што лидерите на Унијата не ги исполнија своите ветувања да ги отворат преговорите за придружување со Северна Македонија и Албанија“ рекла Фајон.

Додава дека сега на тест е посветеноста на европската интеграција на Запден Балкан.

„Тоа особено го мислам за Франција. Покрај Франција, кога се во прашање некои други земји од Балканот, тука ги имаме и Холандија, Данска, Германија…Таа атмосфера некако се менува“ рекла Фајон.

На прашањето дали со ова се отвора простор на земјите како Русија, Турција и Кина, како и дали ЕУ гледа интерес од таквите фактори, Фајон вели дека сигурно дека го гледа тоа.

„Сега сме во ситуација кога уште чекаме нова Европска комисија. Ние секако, бевме многу јасни дека одговорност за недонесувањето позитивна одлука не е во земјите кои се надеваа на позитивен исход. Тие исполнија тоа што го ветија. Унијата е таа која не го исполни ветеното дадено поради внатрешни прашања. Тоа му штети на кредибилитетот на Унијата не само на Западен Балкан, но и пошироко“ рекла таа.

Според Фајон, Хрватска ќе преземе голема одговорност, со оглед дека првпат ќе биде на чело на ЕУ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата