Во шумски пожар во Австралија настрадале 350 коали

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во шумски пожар во Австралија настрадале 350 коали

Во шумски пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, во Австралија настрадале половина од коалите што живеат таму, соопштија експертите денес.

Раниот почеток на сезоната на пожари предизвика огнови во природниот резерват Лејк Инес кои минатиот месец уништија две третини од живеалиштата на коалите, а останатите беа во опасност поради 15 големи пожари на австралискиот југоисток, објави „Ројтерс“.

Околу 350 коали кои живеат во резерват во крајбрежниот град Макуори настрадаа во шумски пожари, проценува Организацијата за зачувување на коалите во Австралија.

Во резерватот имало меѓу 500 и 600 коали, изјави претседателката на организацијата, Су Ештон.

Негуватели за животни од болницата за коали во Макуори се грижат за коалите, им ги лекуваат раните и ги хранат со лисја од еукапилус.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата