УКРАЛЕ 10.000 ЕВРА ОД ЗАТВОР: Двајца уапсени

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УКРАЛЕ 10.000 ЕВРА ОД ЗАТВОР: Двајца уапсени

Управникот на Окружниот затвор во Лесковац Горан Петронијевиќ  и благајникот на истиот затвор триесет и деветгодишната С.Ј. се  уапсени синоќа под сомнение дека извршиле кривично дело злоупотреба на службена положба.

Неофицијално се дознава дека од касата на затворот недостигаат околу 10.000 евра во динарска противредност.

Кој и како ги потрошил парите треба да се дознае од истрагата.

На двајцата уапсени им е одредена мерка притвор по што ќе бидат изнесени пред надлежен судија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата