Гатачка осудена на 10 месеци ЗАТВОР - Од баба украла 30.000 ЕВРА

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гатачка осудена на 10 месеци ЗАТВОР - Од баба украла 30.000 ЕВРА

Жителка на Белград склучила договор за признавање на вината со Судот, врз основа на кој осудена е на 10 месеци казна затвор, затоа што на крајот на декември минатата година претставувајќи се како гатачка, успеала да украде постара жена

Осомниченината е обвинета за тешка кражба. Таа ја признала вината дека го сторила делото за кое е обвинета.

Гатачката се појавила пред станот  каде живеела оштетената и ја прашала дали има стар весник и дали може да добие чаша вода. Кога била пуштена да влезе  наводно, веднаш започнала да прашува со кого е и со кого живее старицата, а потоа и понудила да ј претсскажува за што и добила согласност.

Таа и рекла на постарата госпоѓа дека ќе и ја претстакажува судбината за пари, па ја замолила да ги донесе сите пари што ги имала и да ги стави на маса. Оштетената госпоѓа на масата оставила околу 12.000 евра.  Откако завршила побарала кафе при што го искористила невниманието на домаќинката и ги украла парите од масата, но и остатокот од спалната соба.

Според полицијата се работи за околу 29.000 евра, 153.000 српски динари и 700 канадски долари.  

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата