УЖАСНА НЕСРЕЌА: Загинало седумгодишно дете при пад од 12-ти кат, гледало неговата мајка дали се враќа дома

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЖАСНА НЕСРЕЌА: Загинало седумгодишно дете при пад од 12-ти кат, гледало неговата мајка дали се враќа дома

Страшна несреќа се случила утрово во српскиот град Ниш, кога седумгодишно дете паднало од терасата на 12-ти кат од зградата и починало на лице место.

Несреќата се случила утрово околу 8:30 часот додека неговата мајка го носела другото дете во градинка.

Најверојатно сега веќе загинатотот дете, излегло на терасата да погледне дали неговата мајка се враќа, при што се превртело од терасата и паднало.

Брзата помош, веднаш пристигнала на местото, но веќе било доцна за седумгодишното дете. Истрагата се уште е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата