Xiaomi вчера го лансираше Xiaomi Mi Note 10 смартфонот за европскиот пазар, а кинеската компанија објави и дека Redmi Note 8T ќе биде достапен во Европа. Тоа е практично ист телефон како Note 8, само со интегрирана NFC поддршка.

Redmi Note 8T има 6,3-инчен IPS LCD дисплеј со засек во облик на капка и 2340 x 1080p Full HD+ резолуција. Телефонот го покренува чипсетот Snapdragon 665, во комбинација со до 4 GB RAM меморија и до 128 GB простор за складирање. Достапен е и микроSD слот за проширување на капацитетот.

Android 9 Pie OS нуди софтверска поддршка, а преку доаѓа и прилагодениот кориснички интерфејс MIUI 10. Сето ова го напојува батерија од 4000mAh, а во пакувањето пристигнува и полнач од 18W.

Продажбата на Redmi Note 8T на европските пазари започнува следната недела. Моделот со 3 GB RAM меморија и 32 GB складирање чини 179 евра, додека моделот со 4 GB RAM + 128 GB чини 249 евра. Телефонот е достапен во сина, бела и црна боја.

 

извор: USB.mk

Најчитани вести