Падна договор во Приштина! Ова е новата влада во Косово

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна договор во Приштина! Ова е новата влада во Косово

Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и движењето Самоопределување постигнале програмски договор за нова влада, но останува тој договор да го потврдат лидерите на партиите на Иса Мустафа и Албин Курти, јавиле медиумите во Приштина.

Ова на новинарите, после шест состаноци на претставниците на двете партии, им го изјавил претставник од ДСК Авдулах Хоти, дека двете страни ги завршиле разговорите за програмскиот документ.

“Со задоволство можам да кажам дека постигнавме договор за сите програмски прашања“, рекол синојка Хоти, наведувајќи дека лидерите на партиите наскоро ќе го конкретизираат овој договор. “Се договоривме за структура на владата и институциите“, рекол Хоти, наведувајќи дека сеуште немало разговори за персонални прашања, пренесува РТС.

Спрема конечните резултати од предвремените парламентарни избори на Косово, Самоопределување освоил 26 отсто гласови (32 мандата). На второ место е ДСК со 24,48 (29 пратеници), следи ДПК со 21 отсто (25 пратиници). АБК освоила 11,4 отсто (14 пратеници) и Српската листа има 6,7 отсто гласови (10 пратеници).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата