Нов индикатор за оценка на процедурите за државните тендери ќе се појави в година во рејтингот „Дуинг бизнис“ на Светската банка, соопштија од таму.

Ќе се оценуваат транспарентноста на процедурите и пристапот на малиот и средниот бизнис до државните тендери. Пилот-оценување веќе било спроведено во 78 земји. Воведувањето таков показател се разгледувало од поодамна уште од 2016 година, но досега индикаторот сепак не бил вклучен во рејтингот на СБ.

Република Северна Македонија во рејтингот „Дуинг бизнис“ годинава се најде на високо 17-то место, а во 2018 беше на десетто. Од Светската банка потврдија дека падот од седум места е поради променетата методологија на оценување.

Нашата земја засега останува помеѓу дваесетте најдобри светски дестинации за водење бизнис и е прва во регионот пред такви земји како Турција, Грција, Словенија, Србија, Црна Гора или Хрватска.

извор: Makfax

Најчитани вести