Страшно: Бугарка си ја продала ќерката за 100 евра, но тука не завршил пеколот за девојчето

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшно: Бугарка си ја продала ќерката за 100 евра, но тука не завршил пеколот за девојчето

54-годишна Бугарка која за 100 евра ја продала својата ќерка на друга жена, ќе одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006 година, тогашната 15-годишна девојка ја довела во Дортмунд и ја присилувала да се проституира.

„Само плачев“, изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето пред Покраинскиот суд во Дортмунд.

Во обвинението е напишено дека е обвинета, исто така, уште една Бугарка, која ја упатила жртвата во сексуалната пракса, за потоа да ја приморува да се проституира во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи ѝ награди.

Веднаш првата вечер тинејџерката имала осум клиенти, а според нејзините кажувања, не знаела што ја чека во Германија.

„Не знаев што ќе работам во Германија“, изјавила таа на суд и додала: „Отидов таму затоа што мајка ми ми кажа.“

Се што заработувала мора да го предаде на својата мачителка, а кога во една прилика сокрила 80 евра во градник, добила ќотек. Не се осмелувала да избега, затоа што била премногу исплашена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата