Шведскиот партнер за хеликоптерите ќе наплаќа такси од аеродромите и ќе има уште неколку привилегии

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведскиот партнер за хеликоптерите ќе наплаќа такси од аеродромите и ќе има уште неколку привилегии

Владата ја објави физибилити студијата за јавното приватно партнерство за набавка на хеликоптери за медицински цели со шведската компанија „SHC Swedish Helicopter Consortium“ преку локалната „САРХЕМС. Во студијата се даваат два модела за јавно приватно партнерство, но според тоа што го кажа Генералниот секретар Рашковски вчера прифатено е она со иновативно финансирање.

Но, и двата модела предвидуваат партнерот да го добие на располагање центарот за обука за пилоти во Петровец. Во студијата се проценува дека трошоците за управување, одржување и стопанисување со објектот изнеснуваат околу 190 евра, анализира „Република“.

– Jавниот партнер, односно владата ќе ги пренесе на приватниот партнер користењето на центарот на пилоти, воздушниот простор, користење на аеророми и леталишта во Македонија и користење на навигациските услуги во државата, стои во студијата.

Јавниот партнер, т.е државата има обврска да му одобри и го овласти да прибира надоместоци и такси согласно позитивните законски прописи, да му го даде на располагање центарот за обука, да му обезбеди поддршка за евентуално финансирање од страна на „Еуроконтрол“ и авиопревозниците, како и дозвола за ангажирање на локален персонал, воен и цивилен од јавните институции.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата