Стоилов пред натпреварот со Кјелце: Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стоилов пред натпреварот со Кјелце: Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце

Ракометарите на Вардар в сабота се домаќини на Кјелце во седмото коло од Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов најави голема борба со стариот ривал.

„Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце. Со нив играме секогаш интересни натпревари. Тие се наш голем ривал и сите сакаме да победиме. Се надеваме на поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Имаме многу повредени играчи и многу кои штотуку закрепнаа од повреда. Мислам дека во моментов не знаеме на што сме. Наше е да дадеме се од себе како на сите останати натпревари и да се обидеме да победиме“, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

Тренерот Едуард Кокшаров кажа дека се уште нема јасна слика како ќе изгледа тимот.

„Во овој момент не можам ништо да кажам за тоа со кои играчи ќе располагам. Кој ќе игра , а кој не ќе се знае утре, на ден пред натпреварот. Не е лесно, но убеден сум дека оние кои ќе играат ќе дадат максимум. Самиот натпревар ќе покаже што и како“, рече Кокшаров.

Натпреварот ќе се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата