Келнер ја навредил Лепа Брена! Пејачката признала дека никој никогаш не бил погруб кон неа

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Келнер ја навредил Лепа Брена! Пејачката признала дека никој никогаш не бил погруб кон неа

Лепа Брена денес важи за една од најубавите и најзгодните пејачки и изгледа многу подобро од двојно помлади колешки, но не било секогаш така. Кога се појавила на сцената баш се борела со вишокот килограми. Во една прилика признала дека симнала 17 кг, но за да се реши на таков чекор ја „натерал“ келнерот од еден хотел во кој престојувала. 

„Очекував дека ќе дојде пејачка, а ни дојде трафостаница“, гласел суровиот коментар кој ја освестил.

„Многу ме погоди тоа, ама онака сериозно. Малку ме повреди, но најмногу ме освести и ме натера телото да го доведам до совршенство“, рекла пејачката. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата