УАПСЕН МОНСТРУМ ПЕДОФИЛ: Уценувал малолетници за експлицитни фотографии и видеа

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УАПСЕН МОНСТРУМ ПЕДОФИЛ: Уценувал малолетници за експлицитни фотографии и видеа

Српската полиција уапси педофил од Белград кој уценувал малолетници да му испраќаат голи фотографии.

Акцијата била спроведена од страна на МВР од Специјалното одделение за борба против високо-технолошки криминал во соработка со Јавното обвинителство во Белград.

Тој е уапсен под под сомнение дека сторил кривично дело прикажување, стекнување и поседување порнографски материјали и експлоатација на малолетничка за порнографија.

Се сомнева дека тој комуницирал со малолетни лица преку разни социјални мрежи и дека барал нив се снимаат или фотографираат  без облека, а потоа да му испратат фотографии и снимки.

Притоа се сомничи дека плаќал пари за фотографии и снимки, а доколку не ги добиел материјалите тој се заканувал на малолетниците или правел лажни профили со нивни имиња и експлицитни фотографии и ги правел јавно достапни на социјалните мрежи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата