Објавени конечните резултати од изборите во Косово, Курти е победник

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени конечните резултати од изборите во Косово, Курти е победник

Централната изборна комисија на Косово ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа пред еден месец.

Според нив, Движењето Самоопределување освои 26,15 отсто од гласовите, Демократскиот сојуз на Косово 24,49 отсто, а Демократската партија на Косово 21,19 отсто од гласовите.

Српска листа освои повеќе од 6 отсто од гласовите. Коалицијата НИСМА – Алијанса за ново Косово не го помина цензусот од пет отсто.

Според конечните резултати, Албин Курти, кандидат за премиер на Движењето Самоопределување освои најмногу гласа – 183,868, следи кандидатот на ДСК, Вјоса Османи со 176, 188 гласа.

Третиот кандидат по бројот на гласови е претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели со 146,763 гласа.

Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднина на Косово, освои 75,917 гласа.

По денешното објавување на конечните резултати се очекува и постигнување на конечен коалиционен договор меѓу Самоопреледување и ДСК.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата