Страотна сцена во Народно позориште! Лекари ја спасувале Слобода Мичаловиќ, публиката врискала

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страотна сцена во Народно позориште! Лекари ја спасувале Слобода Мичаловиќ, публиката врискала

Се било недиразбирање... 

Неочекувана ситуација се одиграла на сцена на Народно позориште во Ужице, кога докторка од публика излегла на сцена мислејќи дека треба да и се укаже помош на Слобода Мичаловиќ, која глуми дека умира.

Имено, во една сцена глумицата Слобода Милаловиќ мавка со рацете како да не и е добро, паѓа, а ја придржува глумец. Таа упорно вика: “Отворете врата“, а потоа приоѓа друг глумец позади сцена и загрижено делува.

Во тој момент, публиката загрижена а некои станале и почнале да викаат: “Нејзе навистина не и добро! Помогнете и!“

На сцената потоа од публика излегла др Мира Гавриќ, началничка на неурологија во ужичка болница која сакала да и помогне на Слобода, додека друг доктор во салата стигнал до половина сала.

Тогаш еден глумец ја прегрнал докторката и ѝ покажал како од мобилен телефон чита текст. Дури тогаш докторите и загрижените Ужичани од публика сватиле дека сето тоа е дел од претставата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата