БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Загинал возач на електричен велосипед во обид да избегне СУДИР СО ДЕТЕ

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Загинал возач на електричен велосипед во обид да избегне СУДИР СО ДЕТЕ

Седумдесет годишен жител  од српскиот град Сента загина во на својот електричен велосипед при незгода кога се обидел да избегне судир со малолетен велосипедист од истиот град.

Според информациите момчето се обидело да заврти наголо, при што неизбежен бил контакт помеѓу двајцата.

- За да се избегне контакт со детето, тој се обидел да го избегне, но сепак дошло до судир и двајцата паднале. Момчето се здобило со полесни повреди, но падот бил кобен за седумдесет годишниот Ласло Т.К. кој починал на лице место бидејќи со главата удрил на работ на тротоарот.

Мештаните велат дека ваква несреќа досега се нема случено во овој дел на Војводина. Полицијата и Брзата помош пристигнале веднаш, но единствено што можеле е да констатираат смрт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата