ВЛАДАТА НЕ ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА НАРЕДНАТА 2020 ГОДИНА

6.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЛАДАТА НЕ ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА НАРЕДНАТА 2020 ГОДИНА

Владата не го усвои буџетот за наредната 2020 изборна година.

Во официјалното соопштение наведено е дека министрите ги презентирале програмите кои треба да се финансираат од Буџетот 2020. Предлог-буџетот и Предлог-законот за извршување на Буџетот ќе се утврдат на наредната седница, соопшти владата.

Според информации на тв24 дел од министрите на денешната седница побарале повеќе пари за трошење од она што реално буџетот можел да го испорача.

Дебата на министерско ниво не можела да се реши, па е оставен простор од една недела да се усогласат барањата со министрството за финансии. Наспроти досегашната пракса, пак, министерството за финасии не открива колку ќе тежи државната каса в година.

Фискалната стратегија предвидува зголемување од 100 тина милиони евра – што би значело дека Македонија ќе го добие најобемниот буџет досега. Речиси една милијарда евра ќе биде наменета за исплата на пензии, кои, според најавата на Заев, ќе бидат драстично зголемени. Тв 24 веќе објави дека буџетскиот дефицит нема да е поголем од 2, 5 отсто, а стапките на раст ќе бидат во рамки на годинешните.

Извор: ТВ24

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата