(Видео) Фудбалер во Хрватска уби кокошка која втрча во теренот

6.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Фудбалер во Хрватска уби кокошка која втрча во теренот

Во Хрватска неодамна се случи необична сцена на фудбалски натпревар меѓу Јеленград и Јасеновац. Еден фудбалер за време на натпреварот уби кокошка која втрча на теренот.

Убедливата победа на Јеленград останува во сенка на несовесниот потег на 23-годишниот Иван Газдек, кој замавна со ногата и ја усмрти кокошката, пренесуваат хрватските медиуми.

Иако во видеото јасно се гледа намерата да му наштети на животното, фудбалерот во изјава за „24сата“ рекол дека случајно ја убил кокошката.

„Верувајте дека не беше намерно, резултатот беше чувствителен, а нервозата присутна. Имавме дури и расправија на полувремето, а кокошките постојано ни влегуваат на терен и играта се прекинува. Теренот често е полн со измет, а тоа се нехигиски услови за игра. Трчав кон нив за да ги избркам, замавнав со ногата и случајно ја убив. Тоа е“, рекол Газдек.

Видеото погледнете го на следниов линк.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата