Снимката која се појави на социјалните мрежи, а на неа 12-13-годишни деца пеат за дрога и за проститутки, повторувајќи ги зборовите на стиховите од песната „Ух“ на српскиот трапер Девитo, настанала во Македонија, на детски роденден, а родителите биле во истата просторија.
Веќе три години работам во Македонија во клуб за деца и малку по малку станав еден од најпознатите диџеи за деца во цела Македонија, а причина за тоа е што на секое дете му исполнувам желба, рекол диџејот Борјан Илковски (21) за Блиц.
Борјан не сакал да каже во кој град и кога точно настанала снимката, но повторувал дека ги прашувал родителите дали е во ред децата да слушаат што сакаат и дека добил потврден одговор – „само нека играат и нека пеат“.
Спорната песна која на Јутјуб од крајот на јуни до сега има повеќе од 8,5 милиони прегледи ја снимил изведувачот Девито.
Бидејќи се работи за малолетници, снимката нема да ја објавиме. Сепак, можете да ја погледнете на овој Инстаграм профил.