Еве кои компании се ВО ТРКА ЗА ИЗГРАДБА за новиот Клинички

6.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве кои компании се ВО ТРКА ЗА ИЗГРАДБА за новиот Клинички

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за порталот „Фактор“ изјави дека градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје се две компании, германската „Вамед“ (Vamed) и француската „Буиг конструксион“ (Bouygues construction).

Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Вамед и француската „Буиг конструксион“ коишто сега влегуваат во фаза на дијалог. Не е започнат затоа што уште трае рокот за жалби од претходната фаза. Засега нема жалба и за време на дијалогот се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира. Значи преку дијалог со дискусија и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната“, потенцираше министерот Филипче.

Во интервјуто, министерот Филипче истакна со зголемувањето на сумата на капитациониот бод за 15% на општите лекари, стоматолози и гинеколози е делот од крупната реформа која се прави на примарната здравствена заштита.

Сметам дека сега односно со зголемувањето на сумата која ќе ја добиваат матичните лекари за секој пациент ќе бидат стимулирани да извршуваат контролни превентивни прегледи со цел рано откривање болести. Второ, но не помалку значајно е што со зголемувањето на бројот на услуги кои пациентите ќе ги добиваат кај матичните доктори тие ќе се задржуваат подолго време во примарното здравство, па ќе се намали гужвата во болниците. Значи, за разлика од досега, кога пациентите се праќаа за мамографија на пример и за тоа се наплаќаше од Фондот, сега бараме прегледот да биде навистина извршен за да се евидентира како завршена обврска и тогаш да биде наплатен. Така ќе бидеме сигурни дека групата пациенти кај матичниот лекар согласно ризичната група, возрасната група ќе биде повикана на преглед“, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче најави дека во следните два-три месеци ќе биде готов електронскиот регистар за малигни болести, кој досега го немаше. Се прави во соработка со претставници на Европската комисија и Светската здравствена организација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата