ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шилегов ја купува зградата на Технометал Вардар, два трансфери за неколку дена!

5.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шилегов ја купува зградата на Технометал Вардар, два трансфери за неколку дена!

Градската куќа на кејот на Вардар ќе и припадне на ЕВН откако тие ја понудиле сумата којашто ја побара Град Скопје. На електронска аукција оваа фирма била единствен понудувач, а за недвижнината ќе одвојат од касата 12 милиони и 700 илјади евра.

Градската куќа ќе ја платиме до денар и сите вработени ќе ги сместиме на едно место – соопштија од ЕВН. Објектот лоциран под скопското Кале започна да се гради уште во времето на претходниот градоначалник Трајановски, а сега Шилегов одлучи да ја продаде затоа што во зградата нема да ги собере сите градски административци туку само дел од нив. Тогаш гласно критикуваа опозиционерите кои прашаа и дали однапред се знае кој ќе ја купи Градската куќа.

За оваа продажба на Градската куќа има многу реакции и сосема е очекувано ќе има и длабока истрага по смена на власта но, како тоа да не му е доволно на градоначалникот Петре Шилегов кој, како што дознава порталот Вечер, за потреби на градот Скопје од Комерцијална Банка ја купува деловната зграда на Технометал Вардар, сместена на улица Македонија, во центар.

Оправдувањето на Шилегов дека на градот му требаат пари а не деловни згради - за само пар дена падна во вода. Симпоматично е и што зградата на Технометал Вардар се купува веднаш по продажбата на Градска куќа што јасно покажува дека пазарот со Комерцијална банка е договоран однапред, пред и да се продаде Градска куќа. Според изгледот, зградата на Технометал Вардар има четири врзани градби со пет ката - приземје, пет ката и поткровје со подземен паркинг за само 90 места и не е комуникативна за странки кои би биле сервисирани од градската управа. Вкупната површина е околу 8.500 метри квадратни.

Технометал за оваа зграда има хипотека кај Комерцијална банка од 5 милиони евра. Но, дополнителен проблем е што овој имот е под истрага за лица кои биле акционери и/или управители во Технометал. Технометал веќе беше нуден на продажба, најблиску беа турски купувачи, за 8,5 милиони евра но тие се откааа заради високата цена на компанијата.

Два големи милионски трансфери со потпис на Петре Шилегов, согласно историјата не неговото скандалозно и сомнително однесување како за продажбата на Дрисла на пример, се основано сомневање за две големи корупции од овие трансфери. Колку и какви би биле тие ќе се покаже наскоро.

Вечер испрати мејл до Градот Скопје со барање одговор, се уште одговор нема.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата