Xiaomi Mi CC9 Pro официјализиран со 108-мегапикселна камера! (ВИДЕО)

5.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi Mi CC9 Pro официјализиран со 108-мегапикселна камера! (ВИДЕО)

По бројните гласини и тизери, Xiaomi Mi CC9 Pro е официјално лансиран во Кина, а најистакната карактеристика на телефонот е системот со пет камери на задниот дел, чиј главен сензор има резолуција од 108 мегапиксели.

CC9 Pro го користи чипсетот Snapdragon 730G, а во прашање е осумјадрен процесор со две јадра кои служат за перформанси и работат на 2,2GHz. Телефонот има 6,47-инчен Super AMOLED дисплеј, со Full HD+ резолуција и 19,5:9 однос на страници. Екранот има заоблени рабови, додека во засекот во облик на капка е сместена 32-MPP-F/2.0 селфи камерата.

Кога станува збор за камерите од задната страна, има пет сензори и четири LED блица. Камерата од 108MP го користи Samsung ISOCELL Bright HMX сензорот, кој јужнокорејската компанија го разви заедно со Xiaomi, а дебитираше на моделот Mi Mix Alpha. Xiaomi најави постоење на F/1.7 8P леќа (достапна само на моделот Premium Edition), што го прави Mi CC9 Pro прв телефон во светот со таков објектив. Тука е и 1/1,33-инчниот сензор, кој треба да овозможи екстремно детални фотографии во услови на слаба осветленост.

Постои и телефото камера со OIS поддршка, која нуди 5X зумирање, што може да стигне до 50x кога ќе се активира дигиталниот зум. Xiaomi обезбеди и 20 MP ултра широк сензор од 20 MP со видно поле од 117 степени, додека најмалата камера на дното е макро сензор од 2-10 см. Петтата камера е задолжена за портрети и се работи за 12MP телефото сензор со 2X оптички зум.

Xiaomi Mi CC9 Pro користи батерија од 5260mAh, која до 58 проценти се полни за 30 минути, односно до 100 проценти за 65 минути, а сето тоа благодарение на брзото полнење од 30W PD. За софтверската поддршка е задолжен MIUI 11, кој е базиран на Android 9 Pie.

Mi CC9 Pro ќе биде достапен во Aurora Green, Glacier White и Blacknight варијанти на бои. Телефонот е достапен во две опции за меморија и простор за складирање: 6 GB и 128 GB, односно 8 GB и 256GB. Цената во Кина изнесува околу 400 американски долари за моделот 6/128 GB, околу 440 долари за варијантата 8/256 GB и околу 500 американски долари за моделот 8/256 GB Premium Edition. Цената на смартфонот сигурно ќе биде малку повисока кога ќе се појави како Mi Note 10 во Европа и другите пазари.

 

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата