Еве како изгледаат ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ ЌЕЛИИ ВО ШУТКА за Боки 13 и Катица Јанева

5.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве како изгледаат ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ ЌЕЛИИ ВО ШУТКА за Боки 13 и Катица Јанева

Екипата од емисијата Детектор влезе во неколку затвори низ Македонија. Меѓу нив беше и притворското одделение во Шутка.

За разлика од распаднатите соби од 7 метри квадратни каде што судењата ги чекаат најгоелмиот дел од притворените лица, постои и т.н. хашко одделение каде што собите се далеку попристојни.

За потсетување, Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули годинава и оттогаш е во притвор, заедно со второосомничениот во случајот, Зоран Милевски – Кичеец.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.

Разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така се наоѓа во притвор како третоосомничена, исказ ќе дава во вторник.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, како и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата