Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

5.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 20 часот и 56 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 km западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата