Huawei P Smart 2020, Nova 6 и MatePad Pro на нови рендери

5.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Huawei P Smart 2020, Nova 6 и MatePad Pro на нови рендери

Се појавија нови рендери од Huawei P Smart 2020, Nova 6 и MatePad Pro уредите, за кои се појавуваа информации во текот на последниот месец.

Huawei P Smart 2020 минатиот месец се појави на TENAA сертификација. Листингот откри телефон во црна и зелена боја, а новите рендери покажуваат и Aquaman варијанта.

Huawei Nova 6 рендерите откриваат две камери од предната страна, сместени во punch hole отвор и четири камери на задната страна. Телефонот ќе биде достапен во сина, црна и виолетова варијанта. Заклучениот екран на рендерите го споменува 5. декември, што би можел да биде датумот кога смартфонот ќе биде официјализиран.

Huawei MatePad Pro (за кој првобитно се веруваше дека е MediaPad M7) исто така се појави на фотографии минатиот месец, откривајќи го дизајнот на таблетот. Тогаш беше потврдено дека ќе постои црна и бела боја на уредот, додека новите рендери откриваат и зелена и портокалова варијанта. Кога се во прашање спецификациите, нема нови детали, а знаеме дека MatePad Pro има USB-C порт, сензор за отпечаток од прст во екранот, стајлус пенкалце и поддршка за магнетна тастатура.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата