Дончиќ на 20 ГОДИНИ РУШИ РЕКОРДИ: Словенецот на ДОБАР ПАТ ДА ГО НАДМИНЕ ЏОРДАН

4.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дончиќ на 20 ГОДИНИ РУШИ РЕКОРДИ: Словенецот на ДОБАР ПАТ ДА ГО НАДМИНЕ ЏОРДАН

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави два рекорда во НБА лигата. Тој на два последователни натпревари во НБА лигата постигна најмалку 29 поени, 15 асистенции и 13 скокови. Ова е нов рекорд во лигата. Дончиќ, исто така, стана најмладиот играч што направил трипл-дабл во два натпревари по ред, со најмалку 25 поени.

Словенецот ноќеска на средбата со Кливленд оствари трипл-дабл, постигнувајќи 29 поени, 15 асистенции и 14 скокови. На претходниот натпревар (против Лејкерс) имаше троен ефект: 31 поен, 15 асистенции и 13 скока.

Дваесетгодишниот Словенец со српско потекло, во Далас е од 2018 година. Пред тоа, играше за Реал Мадрид со кого стана трикратен шампион на Шпанија, двократен освојувач на Купот на Шпанија и победник во Евролигата. Со словенечката репрезентација стана шампион на Европа во  2017 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата