Дебарлиева: ДЕЦАТА НЕ НАПУШТИЈА, останавме сами со сопругот

3.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дебарлиева: ДЕЦАТА НЕ НАПУШТИЈА, останавме сами со сопругот

Македонската водителка и ТВ-презентерка, Билјана Дебарлиева, прослави 25 години брак. Нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Токму тоа беше и причината, естрадниот магазин Бекстејџ да поразговара со неа. Таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко. Потоа додаде:

– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор…

Дебарлиева е горда мајка на Ана, која е економист, и Мики, кој е основец и има 14 години. Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.

Погледнете во продолжение мшто друго откри:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата