АКО ГО НАПРАВИ ОВА Ѓоковиќ ОСТАНУВА НА ВРВОТ до крајот на годинава

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АКО ГО НАПРАВИ ОВА Ѓоковиќ ОСТАНУВА НА ВРВОТ до крајот на годинава

Новак Ѓоковиќ од овој понеделник ќе му го препушти првото место на АТП листата на Рафаел Надал. Шпанецот и покрај тоа што го предаде полуфиналето во Париз освои 360 бодови и одново ќе се искачи на врвот на светскиот тенис.

Борбата за првото место ќе продолжи на завршниот турнир во Лондон. За секоја победа во групната фаза ќе се доделува по 200 бода, триумф во полуфиналето носи дополнителни 400 поени, а финалето плус 500 бода. Тоа значи дека на турнирот во англиската престолнина во игра се вкупно 1.500 бода.

Ако Србинот победи во Париз, ќе му треба најмалку да стигне до финалето во Лондон. Доколку загуби од Денис Шаповалов, тогаш ќе мора да ја освои титулата на завршниот турнир, ако сака да остане на челната позиција на АТП листата.

Многу работи ќе зависат и од сериозноста на повредата на Надал, кој денес рече дека заработил истегнување за време на утринскиот тренинг.

Покрај Надал и Ѓоковиќ, на спектаклот во Лондон ќе ги гледаме уште и Роџер Федерер, Данил Медведев, Доминик Тием, Стефанос Циципас, Александер Зверев и Матео Беретини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата