(ФОТО) БРУТАЛНО УБИЕН водачот на навивачите на ПАРТИЗАН: Морбидни слики од настанот

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) БРУТАЛНО УБИЕН водачот на навивачите на ПАРТИЗАН: Морбидни слики од настанот

Брутално со шест куршуми, од кои два директно во главата, ноќеска беше убиен еден од озогласените навивачи во Србија, Љубомир Марковиќ-Кича. Тоа е водачот на една од највлијателните фракции кај навивачите на Партизан, популарните „Алкатраз“.

Според српски „Телеграф“ убиството на Љубомир Марковиќ го имаат снимено дури четири безбедносни камери поставени на местото на злосторството.

Тој пред убиството бил во на фудбалско игралиште (балон) каде играл фудбал, а убиецот го чекал пред објектот, а истиот се наоѓа во близина на бензинска пумпа каде и што бил изрешетан тој.

Марковиќ е познат како еден од организаторите на убиството на францускиот навивач Брис Татон, кој настрада во Белград пред 10 години, пред мечот Партизан – Тулуз. За ова убиство, Марковиќ беше правосудно осуден. Во 2011 година, Марковиќ првично беше осуден на 30 години затвор, потоа казната му беше смалена на 13 години, а на крајот излезе од затвор во 2017 година, кога беше опфатен со амнестијата и остана на условна казна.

Вкупно 14 навивачи беа осудени за убиството на Татон. Бруталниот линч на францускиот навивач се случи на 17 септември 2009 година. Неколку водачи на навивачите на Партизан, меѓу кои и Марковиќ го организирале нападот на француските навивачи кои биле сместени во еден паб во Белград, чекајќи да почне мечот меѓу Партизан и Тулуз.

Само две години по излегувањето од затвор поради свирепото убиство, популарниот Кича вечерва беше ѕверски убиен

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата