Камелија Недев светски шампион, Софија Јарчевска второ место во кати за деца 6-7 години

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камелија Недев светски шампион, Софија Јарчевска второ место во кати за деца 6-7 години

Две каратистки од Северна Македонија освоија еден златен и еден сребрен медал во категоријата деца 6-7 години во кати поединечно на светскиот традиционален фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија.

Камелија Недев стана светски шампион во кати-поединечно, а Софија Јарчевска беше втора. Конкуренцијата беше многу силна, учествуваа 55 натпреварувачки во најмладата категорија 6-7 години за деца.

Тие исто така беа блиску до освојување на медали и во другите категории како кихон и кихон ипон кумите за деца.

На СШ учествуваат над 1200 каратисти од 43 земји. Денес според програмата ќе настапат кадетите, јуниорите и младинците, а во недела ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата