Бријаторе има нова женска, по годините може да му е внука или правнука

1.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бријаторе има нова женска, по годините може да му е внука или правнука

Поранешниот шеф на Рено во Формула 1, Флавио Бријаторе (69), е виден со новата девојка, речиси 50 години помлада од него. Нејзиното име е Бенедета Боси и има 20 години и студира право во Милано, јавуваат италијанските медиуми. Девојката не е дел од светот на шоубизнисот и за многумина било чудно кога забележеле дека ја следи на Инстаграм.

Уште откако италијанските таблоиди објавија дека Бријаторе е виден со убавата студентка, нејзиниот профил на Инстаграм експлодира преку ноќ. Имала околу три илјади следбеници, а сега тој број веќе надмина 15 илјади и сè уште расте, иако Италијанката профилот го заклучила за јавноста.

Италијанските медиуми, исто така, објавија дека Бриаторе, познат по своите врски со помладите модели (Наоми Кембел, Хајди Клум …) ја освоил. Според нив, кратко време откако се запознале, Бриаторе ја поканила на вечера во неговиот дом во Монте Карло, само за нив двајцата. Тој испрати автомобил да ја земе во Милано и да ја донесе во ресторан прво, а потоа, наводно, заедно отишле кај него на десерт.

Двојката потоа приватен авион отишла во Рим, каде ја минале ноќта во хотел со 5 ѕвезди. Тие биле видени како вечерале во јапонски ресторан, а следното утро се упатиле кон Кенија, каде милијардерот има луксузен имот.

Италијанските медиуми, исто така, пишуваат дека не е познато колку е сериозна нивната врска, со оглед дека нема фотографии од нивни разменувања на нежности, интимности.

Бријаторе беше во брак со Елизабета Грегорачи, која е „само“ 30 години помлада од него и со неа има син. Флавио има деветгодишно дете и со некогашната славна германска манекенка Хајди Клум, а беше верен и со поранешниот супермодел Наоми Кемпбел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата