НАЈПОЗНАТИОТ ПАР НА БАЛКАНОТ: влеговме во домот на Милојко (74) и Милијана (22) ПОСЛЕ СВАДБАТА

27.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈПОЗНАТИОТ ПАР НА БАЛКАНОТ: влеговме во домот на Милојко (74) и Милијана (22) ПОСЛЕ СВАДБАТА

Секое парче мебел во нивниот дом сега е ганц ново и купено во пресрет и по свадбата и по избор на невестата, Милиана, која ќе наполни 22 години во декември. Младоженецот Милојко, запишан во родените пред 74 години го почитува изборот на неговата сопруга.

На венчавката во Пожега на 7 септември, Милиана го зеде пезимето на нејзиниот сакан - сега се презива Божиќ. Пред свадбата, Милијана се пресели кај Милојко го реновираше домот, приземна куќа од околу сто квадратни метри, така што сè во него ќе биде ново. Тие инвестираа дел од овие пари од заштеда, а другото од парите заработени од ријалити шоуто Парови.

- Во куќата нема апсолутно ништо од порано, ниту една чаша. Спалната соба сега е виолетова според моите желби и поминуваме најмногу време во неа затоа што сè уште не сме го инсталирале телевизорот во дневната соба. Ѕидовите во дневната соба се крем, беж и сива затоа што ги сакам овие нијанси, но оваа просторија сè уште не е опремена. Сакам да купам мебел со црни детали, салон за ТВ и маса - раскажува Милиана и тоа непосредно пред таа и нејзиниот сопруг повторно да влезат во ријлити шоуто „Парови“, и да заработат нови пари.

Стариот мебел што беше во куќата на Милојко пред да се ожени, беше фрлен и дониран. Милиана само пренесувала лични работи од домот на нејзините родители и ништо повеќе, затоа што - во нејзиниот нов живот, таа сака сè да биде ново за неа.

Има и нова кујна од која се уште не се тргнати фолиите, не е ни употребена. Во кујната, признаваат, не поминуваат многу време затоа што јадат во ресторанот, Милиана нема време да готви. Таа знае да готви, но е премногу зафатена за да и се посвети на кујната, но и на другите одговорности на секоја домаќинка.

Милојко е добар готвач, но не стигнал да с зафати со тенџерињата откако се оженил. Понекогаш, кога има повеќе време, се грижи за перење и пеглање на алиштата. Нивниот најредовен гостин е бабата на Милиана, постара од сопругот на нејзината внука само четири години. Таа е тука да донесе што им е потребно и да помогне кога во куќата ќе затреба спремна женска рака.

По свадбата, немаат многу гости освен кумата на Милиана, Илијана Вагиќ, која им подари телевизор за нивната венчавка и таа е често кај нив за да се “рестартира од секојдневието на Белград“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата