По шест години брак престанале со секс, и потоа...

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По шест години брак престанале со секс, и потоа...

Новинарката и сопственичка на веб-страна за водич низ Орландо, Кристен Маниери и нејзиниот сопруг Марко ја оживеале страста во бракот така што постигнале компромис со кој и двајцата со години се и повеќе од задоволни.

“Набрзо по венчањето, сексот исчезна од нашите животи. По шест години брак и две деца подоцна, не само што никогаш не размислував за водење љубов со сопругот, туку не ме ни привлекуваше идејата кога тој го предложуваше тоа. Сакав повеќе сон, повеќе време за себе, еден час повеќе за чистење на домот, шанса да ја дочитам книгата која сум почнала да ја читам - сето тоа и уште едно стотина други работи кои ми беа поважни од добриот секс”, изјавила Кристен. 

Свесна дека бракот не може да опстои на тој начин, таа знаела дека мора нешто да преземе околу тоа. Кристен случајно прочитала една статија во списание за т.н. “договорен секс’’ и идејата веднаш ѝ се допаднала.

“Веднаш ги согледав предностите на овој план. Прво, знаев дека тоа ќе се случи па затоа психички се припремав. И второ, секогаш добивав безрезервна дозвола да одбијам секс било кој друг пат без чувство на вина. Нашиот почеток беше несмасен бидејќи веќе сме заборавиле како да имаме секс”, раскажала Кристен која го практикува договорениот секс веќе четири години со нејзиниот сопруг. Таа вели дека не е огромна ерупција на страст, но дека на крајот е сепак секс.

Негативната страна на распоредот за секс е што сепак постојат моменти кога се јавува спонтаната желба за интимност.

“Сексот, како што открив со текот на времето, не е само додаток на врската. Тоа е она што нè држи заедно. Љубовта, искреноста, поддршката, заедништвото, ранливоста и квалитетните разговори – сето тоа се карактеристики на добриот брак, но без секс тоа е само пријателство”, објаснила таа и додала:

“Да, венчана сум со својот најдобар пријател веќе 13 години, но истовремено сум венчана со својот љубовник и намерувам тоа да остане така сè додека сме живи”.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата