Трaмп ги дотепа Курдите: ТИЕ НЕ СЕ АНГЕЛИ

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трaмп ги дотепа Курдите: ТИЕ НЕ СЕ АНГЕЛИ

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека спорната област во северна Сирија „нема никаква врска“ со Соединетите држави и дека Курдите не се ангели, а републиканските пратеници доставија предлози за санкции до Турција за воена операција во таа област.

„Нашите војници не се во опасност бидејќи двете држави се борат за територија што нема никаква врска со нас. И Курдите сега се многу побезбедни“, рече Трамп, очигледно осврнувајќи се на пристигнувањето на руските и сириските војници на тоа територија.

Претседателот исто така рече дека Курдите „не се ангели“.

Треба да се согласиме со членката на НАТО

Во меѓувреме, републиканските пратеници на му Трамп доставија предлог-закон за санкции за Турција што ќе влијае на највисоките турски владини и воени претставници.

Предлог-законотот, исто така, бара наметнување дополнителни санкции на Турција за набавка на системите за воздушна одбрана на Русија С-400 и предвидува неиздавање визи на индивидуални владини преставници. Покрај тоа, се бара извештај за имотот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Трамп исто така рече дека Турција е членка на НАТО и дека партнерите од алијансата треба да се договорат.

„Турција е членка на НАТО. Ние треба да се согласиме со членка на НАТО“, им рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Ја намали важноста на сириската криза

Тој тврди дека американското стратешко оружје во Турција е безбедно и додаде дека американската воздушна база таму е „голема, моќна воздушна база“.

Трамп ја минимизираше важноста на сириската криза, велејќи дека станува збор за конфликт меѓу Турција и Сирија и дека е „добро“ за Русија да му помогне на Дамаск. Потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс, и државниот секретар Мајк Помпео треба да отпатуваат во Турција за да се сретнат со Ердоган, кого Трамп го покани во Белата куќа следниот месец.

Помпео изјави дека тој и Пенс ќе бараат примирје во Сирија со Ердоган.

Помпео во интервју за мрежата на „Фокс Бизнис“ рече дека целта на посетата на американската делегација е да се најде решение за ситуацијата во Сирија, а не да се прекинат американско-турските односи.

Ердоган пред новинарите во турскиот парламент изјави дека размислува дали да замине во планираната посета на Вашингтон во ноември, но може да ја посети Русија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата