Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против двајца државјани на Република Косово, кои се товарат дека извршиле кражба на облека од трговски центар во Скопје.

- Обвинетите, по претходен договор,  на 11 октомври, во две продавници лоцирани во еден трговски центар во Скопје украле јакна вредна 11.290 денари и елек во вредност од 6.290 денари. Кражбите ги извршиле користејќи исти прилики и исти околности. Првообвинетиот, на возраст од 19 години, влегувал во гардеробата на бутиците со намера да ја проба облеката. За тоа време второобвинетиот, на возраст од 22 години, стоел пред гардеробата и чувал стража. Првообвинетиот со употреба на физичка сила ги отстранил бип алармите закачени на облеката и ја облекол на себе под неговата облека. Потоа и двајцата излегувале од продавницата, соопшти Јавното обвинителство.

Ценејќи дека и натаму постои опасност обвинетите да се дадат во бегство и на тој начин да ја избегнат кривичната одговорност, особено затоа што се работи за странски државјани, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двете лица.

Најчитани вести