Пејачот едвај преживеа, а сега мора на нова операција! НО ЗА СЛАБЕЕЊЕ - ДЕБЕЛИНАТА МОЖЕ ДА ГО УБИЕ!

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пејачот едвај преживеа, а сега мора на нова операција! НО ЗА СЛАБЕЕЊЕ - ДЕБЕЛИНАТА МОЖЕ ДА ГО УБИЕ!

Дарко Лазиќ има сериозни здравствени проблеми поради вишокот килограми. Како што пишуваат српските медиуми Лазиќ има околу 120 килограми, а бидејќи диетата лошо му одел решил да прави липосукција.

„Дарко треба да симне околу 50 килограми. Баш се здебели, а висок е сè на сè 175 сантиментри. Тежината дополнително му го оптоварува повредениот колк, па едвај оди“, открил пријател на пејачот за Информер.

Според пријателот, голем проблем е и што поради килажата, Дарко брзо се заморува, а има настап секој викенд.

„Дарко верува дека отстранувањето на масните наслаги е најлесниот начин за да ослабне, па после ќе води сметка колку јаде. Проба да намали, но не вреди, си сака човекот да си касне“, додал пријателот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата