Косово со ново чудо: ДОБИЛЕ АЛЕРГИЈА ТОКМУ КОГА ГИ БРОЕЛЕ СРПСКИТЕ ГЛАСОВИ

13.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косово со ново чудо: ДОБИЛЕ АЛЕРГИЈА ТОКМУ КОГА ГИ БРОЕЛЕ СРПСКИТЕ ГЛАСОВИ

Пртекинато е  броењето гласови од парлементарните избори на Косово во Централната изборна комисија откако членови на комисијата добиле алергија при пребројување на гласови кои стигнале по пошта од Србија.

Според „Газета експрес“, членовите на комисијата добиле алергија на кожата по контакт со ковертите.

Според „Косово онлајн“, претставници на „Српска листа“  кои не се жалеле на какви било проблеми, биле протерани од просторијата и бил повикан специјален полициски тим да го испита случајот.

Приштинските медиуми претходно објавија дека повеќе од 3.400 гласови пристигнале преку пошта од Србија.

Членови на косовската Централна изборна комисија (ЦИК) од „Српска листа“ Стеван Веселиновиќ рече дека наводното труење и алергија на некои членови на комисијата кои ги броеле гласовите на српската партија на изборите на 6 октомври е изрежирана претстава.

Веселиновиќ, кој бил присутен за време на пребројувањето на тие гласови, за „Косовска онлајн“ објасни дека во еден момент „по команда“ работниците во надлежниот секретаријат кои ги броеле тие коверти се пожалиле на нивниот мирис, како и дека им предизвикуваат алергија и чешање.

Веселиновиќ раскажал дека шефот на тој тим Бесник Буњала престана да брои и  ја известил  полицијата и некои други служби дека „ковертите можеби се  затруени“.

„Бев во просторијата, и ги држев пликовите во рацете и не добив алергија и немав реакција“, додаде Веселиновиќ.

Тој оцени дека целта е да се компромитираат гласовите од Србија, да се заменат и да им се дадат на оние кои не ја добија довербата на граѓаните, пренесува Б92.

Неколку илјади Срби гласаа преку пошта.

Косовски медиуми јавуваат дека 26 службеници од Државната изборна комисија се итно хоспитализирани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата