Сега сосема ќе ја превртиме вашата претстава за тоа како се забавуваат Русите.

1. „Музички инструменти“

Мажите и жените се делат на две екипи. Мажите се музичари, а жените нивни музички инструменти.

Мажите добиваат задача од водителот да покажат умешност во свирење на жени. Добар пример е хармониката. Девојката му седнува на машкото во скут, а тој ја стега и ја развлекува како да е мев на музички инструменти.

Со гитарата е уште поинтересно: фатот е некаде кај женските гради, а другата рака оди по жиците... Тапанарот е тешко да се гледа од срам. Но, сепак на сите им е весело!

2. „Пренеси го колбасот“

Гостите се делат во два тима и застануваат во две колони, ако е можно наизменично машко и женско. Нивна задача е надуваниот балон во облик на колбас да го предадат на соседот, а да не им падне.

Постојат неколку начини да се пренесе балонот. Најпрво се држи меѓу колена и се предава на комшијата. Кога колбасот ќе стаса до крајот на редот, водителот задава нови правила: сега жените го предаваат колбасот, стоејќи со лице кон мажот, а тој може колбасот да го предаде само ако соседната дама кон него се сврти со грб.

Потоа мажите и понатаму го држат колбасот меѓу колена, а жената треба да го фати со заби и без да го пукне балонот да го предаде на човекот покрај себе.

3. „Верверички и елки“

Мажите се елки, а женети се верверички. На почетокот „елки“ има помалку од „верверици“. Додека музиката свири „вервериците“ кружат околу „елките“. Кога музиката ќе запре, жените-верверици скокаат на мажите-елки. „Верверицата“ која не успеала да се качи на маж испаѓа од играта и го води со себе. Играта продолжува дури не остане една „верверица“ и една „елка“. Тие се победници.

4. „Протуркај го јајцето“

Правилата на играта се сосема едноставни. Мажот стои на столче, а жената префрла јајце од неговата лева во десната ногавица. Исто така е можна и обратна ситуација, кога машкото префрла јајце од едниот ракав на фустанот на жената во другиот.

Дали јајцето ќе биде варено или сирово веројатно зависи од степенот на алкохолизираност на играчите.

5. Игра со најлонски чорапи

Жената на мажот на глава му става најлонски чорап, по можности со боја на кожа.. Потоа со музика жената полета го слекува чорапот. Што се случува тогаш погледнете сами.

„Ќе ви покажам како овие момчиња ќе изгледаат три дена по свадбата“, ја објаснува смислата на оваа игра водителката.

6. „Пукни го балонот“

Ова е една од најпопуларните игри на руските свадби. Жената се држи за стол, а задачата на мажот е да го пукне балонот поставен помеѓу него и жената, без да го допре со раце.

https://mk.rbth.com

Најчитани вести