Џафери се сретна со словенечкиот премиер Шарец

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џафери се сретна со словенечкиот премиер Шарец

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец, при што искажа благодарност за континуираната помош и поддршка на Република Словенија во остварувањето на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ.

Како држави со заедничко минато кои решија самостојно да го остварат својот пат како држави, бевме исправени пред многу задачи. Вие успеавте прилично брзо да ги завршите и да станете земја членка на НАТО и ЕУ и продолживте да ни ја давате вашата безрезервна поддршка на тој пат, оцени Џафери. Тој го информираше Шарец дека Република Северна Македонија за релативно краток временски период успешно ги надмина отворените прашања со Грција и Бугарија и го отвори патот за членство во НАТО, како и за процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО, кој бележи поголема динамика од претходните членства, особено поради фактот што за 9 месеци имаме заокружени ратификации во 23 земји членки со очекување следната 2020 година тој процес да заврши и земјата да стане полноправна членка во НАТО. Притоа, тој ја искористи приликата да и се заблагодари на Република Словенија за првата ратификација на Протоколот по Република Грција оваа година. Во однос на ЕУ, претседателот Џафери изрази очекување дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот Самит на Советот на ЕУ.

Шарец констатираше дека Република Северна Македонија направи оргомни напори и инвестираше многу во процесот за зачеток на евроатлантските процеси. Како земја пример во регионот за заеднички соживот, земјата заслужува да отпочне преговори и да биде самостојно оценувања за нејзините досегашни достигнувања, со што ќе може реално да направи придвижување во својот евроинтегративниот пат. Тој го увери претседателот Џафери дека Република Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги убеди европските партнери дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Двајцата соговорници беа согласни дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи со несмален интензитет на поле на економијата, културата и во други области од заеднички интерес, а дијаспората да служи како мост на поврзување и унапредување на соработката на овие полиња.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата