Мицкоски од Струмица: Изборот е помеѓу обнова на ВМРО-ДПМНЕ и арамилук на Заев и дружината (ВИДЕО)

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски од Струмица: Изборот е помеѓу обнова на ВМРО-ДПМНЕ и арамилук на Заев и дружината (ВИДЕО)

Одвоивте дел од вашето драгоцено време денеска, знам дека е ден пред еден продолжен викенд, но ние продолжуваме со нашите теренски активности, продолжуваме со кампањата „Разговори за обнова на Македонија“. Знам дека овдека посебно потребата за едни такви разговори во Струмица и струмичко голема е, императив е огромен поради целокупниот овој деспотизам на кој што Струмичани се сведоци веќе деценија наназад, повеќе од деценија наназад. Но добро е да се слушне и да се прочитаат практично сите оние останати проблеми со кои што денеска нашите сограѓани ширум Македонија па и овде во Струмица покрај, повторно ќе кажам оној деспотизам на кој што вие Струмичани сте сведоци повеќе од една деценија се соочуваат.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој присуствуваше на настанот за кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ во Струмица.

-Но она кое што е значајно, она кое што важно е, од сите овие разговори за обнова на Македонија, да излеземе попаметни, да излеземе поискусни. Да видиме тоа што можеби во минатото и ние сме погрешиле да истото тоа го корегираме. Да можеме тоа што било добро, а што сме го практикувале во минатото да го подобриме и да го направиме уште подобро, да го надградиме. Но истовремено и да иновираме и да можеме да понудиме и некои други политики. Затоа нас ни се неопходни овие „Разговори за обнова на Македонија“, за да можеме заедно со граѓаните да ја напишеме нашата следна предизборна кампања и следна предизборна програма. И ќе дојдеме овдека во Струмица како победници после следните парламентарни избори предвремени. И ќе дојдеме и ќе бараме отчет и одговорност за сето она што се случуваше изминативе години, рече Мицкоски и додаде:

„Но оние малкумина позади кои што дофрлија сега и избегаа како кукавици и тие ќе слушнат и ќе видат што значи вистински македонски народ, честит народ. И сите тие ќе треба тогаш да одговорат на едно големо прашање – „Каде отидоа десетиците милиони народни пари на Струмичани? Но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред?“. И тогаш ќе има одговорност, тогаш нема да има коалиции за хотели, за бизниси, со лотарии. Тогаш нема тоа да го има. Туку тогаш сите тие од прв до последен јас ви ветувам дека ќе одговараат. Сите оние курири кои што на кукавички начин доаѓаат да бараат милост за овие натрапници кои што ја заробија Струмица повеќе од деценија наназад, ја заробија и Македонија веќе трета година по ред, имам едно да им порачам немојте да си го губите времето, во животот постојат две опции. Едната е да сте човек кој што е честит, чесен. Човек кој што ги почитува законите и работи по законите, ги почитува своите сограѓани, работници, пријатели, роднини и тој нема што да се плаши. И нему не му требаат курири. Но има и луѓе кои што се огрешиле пред законот и само заради тоа што биле на позиции, кукавички го кршеле тој истиот закон, го злоупотребувале, ги малтретирале, ги притискале, ги уценувале, ги рекетирале бизнисмените и граѓаните. Е за тие, јас ви ветувам дека ќе има одговорност, од првиот до последниот“.

Затоа, потенцираше тој, не ги праќајте тие курии, нема потреба да доаѓаат, нема потреба да нудат.

Извадете ги парите што ги украдовте, вратете ги назад. И немојте да правите коалиции со тие кои што велевте дека тие ги украдоа парите. Па стававте таму бројчаници над „Триумфалната капија“ во Скопје па велевте ќе ги врателе милијардите. Нема милијарди, нема ни милиони. Тие пари заедно, со тие вашите кои што ги украдовте најпрвин овде во Струмица, па потоа од граѓаните во Македонија, ќе дојде денот до последниот цент да ги вратите, онаму каде што припаѓаат. А, тие пари се на граѓаните и само за граѓаните. А, вие јас ви ветувам, јас ви ветувам дека се борам, и додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ е дека прошка нема да има. Туку ќе има одговорност од првиот до последниот. Живееме во време на декаденција. Живееме во време на неправди. Живееме во време кога се распродаваше националното достоинство, кога се газеше по честа и честитоста на луѓето , а додека тоа се правеше и додека паралелно ни го ветуваат  тој прав пат менуваа закони за јавни набавки, а зошто менуваа закони за јавни набавки за да крадат, да можат да врват тендерите во четири очи. Ќе прошетате во РЕК Битола и ќе ги погледате багерите и камионите во РЕК Битола, ќе ви станат познати на вас струмичани знаете од тука се од Струмица се знае од каде се, истакна Мицкоски и додаде:

„Прошетајте по експресниот пат од Радовиш до Штип и ќе видите чии камиони и багери вртат. Не затоа што се поквалитетни, не затоа што се подобри, туку едноставно затоа што  нели братот е премиерот  на државата. Тоа е единствениот квалитет, тоа е единствената причина зошто овие на дневна основа ги пљачкосуваат и ги крадат парите вашите на граѓаните, па и тоа им беше малку  па сега решија со рацете во медот  уште подлабоко да одат  па го заграбија буџетот па безмилосно  ги трошат парите од буџетот. Мислат дека народот има кратко помнење  дека ќе им прости со тоа што они ќе заработуваат милијарди, а трошка како што беше она зголемување на пензиите од 36 денари ќе му подарат на народот и народот веднаш ќе заборави, ќе им прости и они ќе победат на изборите. Е тоа нема да се случи. Не само што нема да се случи туку ги чека едно громогласно НЕ од страна на граѓаните на следните предвремени парламентарни избори. Толку тоа гласно ќе биде што јас сум сигурен и убеден дека предводена од СДСМ од овој човек ваква каква што е уште долги години ќе и треба за да се освести тоа што го правеше и што им го направи на граѓаните овие години. Ќе бидат како нивната сестринска партија од кај нашиот јужен сосед на маргините на политичката сцена затоа што на народот му е преку глава и доста му е од кукавици и корумпирани политичари. Овој народ  сака честити луѓе. Луѓе коишто ќе бидат отчетни  и луѓе коишто пред граѓаните ќе зборуваат  искрено. Затоа ни се потребни браќа и сестри, драги струмичани  овие разговори да заеднички со вас ја напишеме програмата тоа што е реален проблем, да дадеме одговор, да дадеме решение, да понудиме таму каде што не можеме да понудиме решение  да кажеме чесно за ова не можеме да понудиме решение. Таму каде што решението можеби  ќе му треба повеќе време, повеќе месеци, недели чесно да кажеме ДА ќе го решиме, но ќе ни треба повеќе време. Доста е од лажговци во политиката. Секаде каде што идам  без исклучок и каде што разговарам со нашите сограѓани  две работи секогаш ми ги повторуваат. Доста е веќе лажговци и доста е крадци веќе во политиката. Мора еднаш засекогаш да се промените. Таа е болната вистина“.

Со наш пример, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку личен пример треба да покажеме дека и ние политичарите и Македонија може поинаку и дека Македонија заслужува многу повеќе од овој пекол којшто денеска ни е секојдневие.

-Токму поради тоа месеци и месеци предвреме тргнавме со овој наш караван на теренски активности  и разговори за обнова на Македонија за да го слушнеме гласот  на народот, да научиме без никаква фрустрација, да научиме таму каде што сме грешеле  уште еднашка да ги повториме и слушнеме маките  и реалните проблеми  и заедно со народот на следните предвремени парламентарни избори  да го поразиме ова денешно секојдневие, оваа неправда, ова понижување, криминал и арамилук. А потоа се знае како што рековме одговорност од првиот до последниот . Се сеќавате ветуваа дека ќе обезбедат загарантиран откуп за земјоделските производи, дека ќе ја зголемат помошта за  земјоделците, дека редовно ќе ги исплаќале субвенциите, па дури и ќе ги зголемеле, а каква е реалноста?, праша Мицкоски и потенцираше:

„Бевме во Тиквешијата, бевме и во Кавадарци, бевме и во Неготино ситуацијата со лозарите е жална и трагична. Бевме и во Кочанско разговаравме со оризопроизводителите, луѓето се на дилема дали воопшто нивите да ги работат  следната година, бидејќи од родот од оваа година и тоа што го заработија од тој скромен род не стига ни да основните потреби да се прехранат во месецот тие и нивните семејства. Минатиот петок бевме во Ресен разговаравме со јаболко производителите, таму ситуацијата е траорна сеуште не можат да се повратат од штетата во текот на минатата година. Од сето она кое што беше и се случи во текот на минатата година од оној помор на овошките каде што луѓето незадоволни од односот на власта од сите ветувања кои што ги даваа, со пила ги сечеа дрвата кои што род раѓаат, а со тој род тие ги ранат своите семејства.  Разговараме и со младите разговараме и со студентите, разговараме и со средношколците, но и со оние кои што ги полнат куферите, аеродромите, автобуските станици, а потоа ги полнат земјите од Западна Европа. Ако блескаме завртете се околу вас и поставете си го прашањето колку луѓето кои што вие ги познавате млади , средовечни, па и оние во поодминати години ги наполнија куферите и заедно со своите семејства трајно ја напуштија вашата Струмица, гледам тука има и луѓе кои што не се само од Струмица има и луѓе од другите околни општини, од другите градови од Македонија. Запрашајте се колкумина ваши соседи се одлучија на ваков чекор, колкумина ваши роднини, полињата зеат празни, клупите се се попразни во училиштата затоа што деца нема. Во фабриките и во производствените погони работници нема, веќе се поголем е бројот на претприемачи, стопанственици, економски оператори кои што се жалат дека нема работна сила, дека не можат да го зголемат производството. А на факултетите веднаш после дипломирањето студентите одлучуваат најголемиот дел од нив да ја напуштат државата. Пет од десет мои дипломци одлучуваат да ја напуштат државата веднаш после дипломирањето и таква е непроменета ситуацијата и ден денеска, меѓутоа да бидам и до крај искрен и реален поради обврските кои што ги имам во партијата и немам толкав број на дипломци како што беше на времето, но од разговорите со колегите и часовите од овој семестар кој што почна оваа недела, доаѓам до истиот заклучок, дури е и поалармантна ситуацијата“.

Ветуваат, рече тој, дека ќе има достоинствено образование, дека ќе има реформи во образованието, а ние денеска гледаме дека нема ниту еден факултет, ниту една високообразовна институција ниту на ранг листата на светските образовни институции, а камо ли да зборува за една меѓу првите илјада или меѓу првите петстотини.

-Ветуваа помош за бизнисмените и економските оператори, а што донесоа рекет. Го пуштија Боки му дадоа по некој стих снимени разговори да уценува на широко и на длабоко, па уште му дадоа и придружба се сеќавате онаа обвинителка позади кој што Зоран Заев стоеше и велеше „Јас сум тој кој што гарантира за нејзиниот кредибилитет и интегритет“. Се сеќавате колку се пењавеа, препелкаат кога ги бранеа тие скапо платени обвинители кои што нижеа илјадници евра месечни примања додека работниците со едвај 200 евра мака мачеа семејствата да си ги прехранат. Е таа е таа вистината која што тие ја нарекуваа живот во Македонија. Таа е вистината која што ние заедно со народот на следните парламентарни избори ќе ја промениме. Но ние мора да ја промениме така жестоко за да нема можност за било каков пост изборен инженеринг, затоа ни е и поддршката од народот насушно потребна затоа сме овде и затоа разговараме отворено очи во очи, лице во лице, гради во гради, тоа што не чини критикувајте не, тоа е добро пофалете не, тоа што треба да го подобриме и тоа кажете ни го. Истовремено бидете подготвени да ги слушнете и нашите аргументи. Ветуваа реформи во судството, реформи во обвинителството, а ни донесоа рекетари, скапо платени рекетари кои што нижеа илјадници евра и разноразни други привилегии, додека на меѓу паузите снимаа по некој спот во холивудски стил како оние се сеќавате снимки на Чарлиевите ангели, така правда и правдина нема. Правдина и правда има од луѓе кои што никогаш не се огрешиле спрема законите. Се сеќавам дека уште во април месец останатите со Зоран Милевски, со Катица Јанева бидејќи жртвата го пријавила рекетот, се сеќавате на онаа негова изјава во мај месец еден месец потоа, кога велеше јас целосно стојам позади кредибилитетот на Катица Јанева, па потоа го предложија оној закон за Јавното Обвинителство каде што практично ја предложија истата оваа притвореничка Јанева за обвинител кој што ќе биде дел од Државното Јавно Обвинителство, кажа Мицкоски пред струмичани и додаде:

„Истиот тој Зоран Заев велеше и се колнеше дека тоа се луѓето со интегритет, независни кои што навистина ќе бидат вистински борци за правдата ама изгледа рекетирале и одработувале милиони покрај пљачката и арамилукот што го прават со тендерите и на друг начин со куферите. Порано велеа и се жалеа дека имало сваровски судство а денеска какво судство имаме? Куфер судство „Луј Витон“ судство, за такво ли судство се боревме тоа ли беше целта на нема правда нема мир, за да можеме да ги полниме сопствените џебови со арам пари од граѓаните, за тоа ли се бореа луѓето за тоа ли ги лажеа оние да шараат и да уништуваат државен имот да кодошат и да пишуваат депешеа по странство само за да можат они фино да се завијат во кожните фотељи и да ги газат оние персиски килими во владата попатно нормално да ја распродадат и онаа малку гордост и достоинство што остана потпишувајќи разно разни договори, а се разбира најмногу од се да пљачкаат. Затоа ни е потребна победа затоа ни е потребна убедлива победа. Јас неколку пати тоа во Струмица тоа сум го кажал ќе го повторам и денеска. Сетете се на патот и на Пецев и на Белев и на Јаврамов и на Топчев и Костуранов, ниту тој бил лесен ниту нашиот пат ќе биде лесен. Овие луѓе не знаат поинаку вие тоа Струмичани најдобро го знаете, само притисок закани уцени пљачка и арамилук. Тоа е нивниот начин како они ја практикуваат политиката. И тој пат нема да биде лесен напротив ќе биде многу тежок но ние сме подготвени за една таква битка“.

Во моментов, истакна, 22 месеци речиси од како се промени раководството на партијата во моментов разликата е повеќе од 100.000 гласови помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

-Во моментов, денеска ги добив првите октомвриски бројки, е тоа е основната причина зошто се плашат да распишат предвремен парламентарни избори. Каква економија какви бакрачи каков прав пат каква европска иднина, со арамии нема европска иднина. Се плашат дека ќе изгубат катастрофално а после поразот следува одговорност. До душа имам некои најави дека голем дел од нив веќе се спремаат да ја напуштат Македонија во некои други држави, па подготвуваат и терен таму но треба да разберат дека и таму ќе ги најдеме, каде и да одат и таму ќе ги најдеме неправдата мора да ја исправиме. Желбата на нашата кампања ќе биде како да си го вратиме македонизмот, не во онаа националистичка форма не во онаа форма каде што ќе ги навредуваме останатите етникуми кои што се наши сограѓани, наши соседи, браќа и сестри луѓето со кои што ја делиме оваа наша заедничка реалност. Туку заедно со нив треба да го поддржиме Македонизмот бидејќи Македонија е државата која што им дава се без разлика на нивната етничка припадност. Тие тука се родиле тука се образувале тука тагувале и се што во животот постигнале и должат на Македонија. И тоа воопшто не е регресивно туку напротив тоа е прогресивно. Го слушнавте не така одамна еден од наголемите светски лидери можеби најголемиот којшто вели дека иднината им припаѓа на патриотите и луѓето кои што си ги сакаат сопствените држави. Почитувајќи ги се разбира соседните држави почитувајќи ја се разбира разликата помеѓу етничка и верска основа. Но. иднината запаметете им припаѓа на патриотите. И да си патриот денеска, да си Македонец е голема работа и тоа да си ја сакаш Македонија е огромна работа, затоа што покажувајќи ја љубовта кон сопствената земја  ти покажуваш всушност колку ги почитуваш и останатите сограѓани кои не се дел од твојот народ. Но, љубовта кон земјата треба да биде голема, треба да биде голема и кај Албанците, кај Турците и кај Ромите, и кај Власите, и кај Србите, и кај Бошњаците и кај сите останати коишто се  наши сограѓани , наши соседи, наши пријатели, колеги, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонизмот, според него, не подразбира ексклузивно право на Македонците и на македонскиот народ, туку, како што рече, сите вие имате можност да си ја сакате, љубите и браните башата татковина Република Македонија.

-Тоа е оној македонизам којшто  ние сакаме да го видиме. Нема да се срамуваме, туку треба да ја кренеме главата  гордо високо каде и да се наоѓаме во светот. Ние сме горди Македонци. Иако некој не учеше да си ја свиткаме кичмата, не ние ќе ја исправиме кичмата, гордо ќе стоиме  со исправена кичма и така горди ќе се бориме да го вратиме она коешто овие неразбрани трговци  го истргуваа за да можат да крадат. Ете тоа е основната суштина  на нашата платформа како  да си го повратиме македонизмот. Првата работа што ќе ја направиме откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада, во првите сто дена ќе го вратиме повторно рамниот данок за економските оператори, за претприемачите, за  бизнисмените.  Истовремено во тие сто дена ќе изнајдеме, а имаме решенија за најголемиот дел проблеми  коишто денеска се секојдневие на  земјоделците во нашата татковина. Во првите сто дена ќе го отпочнеме проектот  како да направиме синергија и поврзаност  помеѓу инвеститорите, помеѓу науката и образованието и бизнисот. Во првите сто дена ќе ги отпочнеме т.е да бидат попрецизен ќе ги рестартираме проектите  коишто овие ги затворија, а коишто ќе значат подобрување на условите и животната средина. Не овие мерки каде што со десетина милиони  ваши пари ќе тргуваат  за да  жителите во четири градови во Македонија, во Кичево, во Тетово, во Битола и во Скопје добијат клима инвертор. Замислете каква иронија. Во Битола и во Кичево ќе субвенционираат по илјада евра за еден клима инвертор А, тој клима инвентор за да го затоплува домот користи електрична енергија  која што се произведува од оние неморденизирани термоцентрали и  во Осломеј и во Кичево, и во Битола кои што се најголемиот извор на загадување во тие градови. Какво лицемерие, рече Мицкоски и додаде:

„Но треба да ја кажат вистинската вистина, вистинската вистина е дека со 10 милиони евра се обидуваат да поткупат 10.000 наши семејства. Ги потценуваат, ги навредуваат и продолжуваат, мислат дека со пари се се купува. Забораваат дека постои и нешто друго што се вели достоинство, и забораваат дека овој народ е честит народ. Дека ова се домаќини луѓе, домаќинки и дека имаат свое достоинство. И дека вашите крвави, изрекетирани жолтици не им значат ништо, а тоа ќе ви го покажат на следните предвремени парламентарни избори, кога не само што ќе ве блесне волјата на народот. Туку толку силно ќе ве блесне што ќе нема да знаете што ве снашло. Сосема на крај, сакам да ви изразам огромна благодарност за сиот овој пркост што го правите овдека во Струмица, за сето она кое што го правите за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, за останатите политички партии кои што се дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно сум свесен колку тоа е тешко посебно овде во Струмица да се прави. И за тоа ја имате мојата огромна почит, и за тоа имате мој длабок поклон. Но верувајте дека за месеци од сега доаѓа ослободувањето, јас ви ветувам дека вечерта кога ќе си ја ослободиме татковината, јас ќе дојдам овде со вас во Струмица и со вас Струмичани ќе го прославиме ослободувањето. И ќе ја упатиме вистинската порака кон  овие луѓе кои што ја заробиле веќе години наназад Струмица, а ја украдоа Македонија, дека овој народ е горд народ, достоинствен, честит народ и дека овој народ знае како да си ги земе работите во свои раце и да си ја ослободи татковината тогаш кога некој најмалку очекува“.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата