Почнува МАКФЕСТ! Во Штип ќе се пее и ќе се јадат пастрмајлии!

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почнува МАКФЕСТ! Во Штип ќе се пее и ќе се јадат пастрмајлии!

Штип од денеска живее во ритамот на „Макфест“. Со денешната прес-конференција во Центарот за култура „Ацо Шопов“, стартуваше 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Денеска и утре се двете полуфинални вечери, а веќе во сабота е големото финале.

На прес-конференцијата техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов рече дека на фестивалот се враќаат добро познатите текстописци и композитори, а вечерва публиката ќе може да слушне 15 песни. Прв на сцената настапува Мартинијан Кириловски, а последни групата Кентаур.

– Гласањето е 50:50, односно секоја влезница во салата е глас, а останите 50 се на стручното жири. Фестивалот и оваа година го пренесува МТВ, водителка и оваа година е Маријана, вели Панајотов.

Во рамките на двете полуфиналните вечери ќе бидат отпеани вкупно 30 различни композиции, од кои 20 ќе обезбедат влез во финалната вечер, во која свое шоу ќе има Тамара.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата