ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Николоски на работни средби во Рим и Ватикан

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Николоски на работни средби во Рим и Ватикан

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од денес 10 октомври до сабота 12 октомври престојува во работна посета на Рим и Ватикан. Николоски ќе учествува на состанокот на Извршниот комитет на Центристичката Демократска Интернационала (ЦДИ)- светска организација на центар десни партии во која ВМРО-ДПМНЕ беше примено минатата година и беше прв меѓународен успех на новото раководство на партијата. Николоски исто така ќе има билатерални средби со Италијански политичари, а ќе има и аудиенција во Ватикан.

Посетата Николоски ќе ја започне вечерва со работна вечера со Андрес Пастрана- Претседател на ЦДИ, а утре ќе учествува во работата на Извршниот комитет, како и на основањето на Младинска организација на светски десничарски партии. Во рамки на работата на ЦДИ Николоски ќе информира за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите во партијата, акцијата Обнова на Македонија како и очекувањата за брзи предвремени избори после кои ВМРО-ДПМНЕ би ја формирало Владата. Ќе информира и за растечката корупција, уништената економија и немањето владеење на правото со Владата на Заев.

Во рамки на својата посета Николоски утре исто така ќе се сретне со Масимо Кандура- сенатор од партијата Лега на Масимо Салвини, партијата со која ВМРО-ДПМНЕ почнува да гради блиски реалции. На истата ќе се зборува за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како и меѓу Македонија и Италија.

Николоски утре ќе учествува и на работна вечера организирана од Винчензо Амендола- министер за европски прашања на Италија. На средбата Николоски ќе побара ЕУ да не ги казнува македонските граѓани заради неспособноста и криминалот на Заев и да определи датум за почеток на преговори со ЕУ.

Во сабота Николоски ќе има приватна аудиенција во Ватикан на највисоко ниво. Во разговорите се очекува да зборува за продлабочување на односите на Македонија и Светата Столица на сите полиња имајќи го предвид силното влијание на Ватикан во Западниот свет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата